Свеченост по повод Меѓународниот ден на Ромите

  • Новости

Општина Делчево организира пригодна свеченост по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април. Свеченоста ќе се одржи на 6 април, четврток, со почеток од 13.00ч во фоајето на Спомен-домот АСНОМ.

Во рамките на свеченоста е предвидена презентација на актуелни проекти кои Општина Делчево ги реализира преку Програмата за поддршка за имплементација на Декадата и Стратегијата на Ромите, доделување на традиционалните награди на најдобрите ученици Роми во трите образовни институции во Делчево, изложба на ромска носија, презентација на ромска трпеза во организација на НВО „Тернипе-МК“, како и  културно-уметничка програма подготвена од учениците од ПУ„Св.Климент Охридски“ с. Тработивиште и ООУ „Ванчо Прке“.

Општина Делчево и НВО КХАМ Делчево, како локална канцеларија на Младински образовен форум (МОФ) Клуб за дебата, по повод 8 Април, Меѓународиниот ден на Ромите, ќе организираат дебата на тема „Овој дом верува дека Ромите во Македонија не се дискриминирани“.

Дебатата ќе се одржи на 07.04.2023 во Конгресната сала во СОУ „М.М.Брицо“со почеток во 13:00 часот.

Shares