Заврши рехабилитацијата на патот во м.в. Долни Бавчи во Општина Делчево кој се рехабилитираше во рамки на проектот „Подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба на пристапни патишта во подрачјата со земјоделска дејност и обработлива површина во Источен плански регион“.
Работите на рехабилитација се однесуваа на машинско планирање и набивање на подтлото до потребна збиеност и набавка, транспорт и изработка на тампонски слој од дробеник со набивање до потребна збиеност и се одвиваа согласно утврдената динаминка. Предмет на работа беше патот во м.в. Долни Бавчи во должина од 1.000 метри и со ширина од 4,5 метри кој поминува низ земјоделско обработливо земјиште, претежно овоштарници и ниви. По теренот кој се работеше, при поројни дождови беше оневозможено движењето со возила и со земјоделска механизација до земјоделското земјиште кое се обработува.
Со реализацијата на овој проект за „Подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба на пристапни патишта во подрачјата со земјоделска дејност и обработлива површина во Источен плански регион“ директно се влијае на подобрување на руралната патна инфраструктура во непосредна близина на градот Делчево, а најголема корист ќе имаат сопствениците и корисниците на обработливото земјоделско земјиште до кое директно се пристапува од оваа траса и сопствениците на помошни земјоделски објекти и фарми на кои им се овоможува побрзо и побезбедно транспортирање на готовите производи до пазарите односно откупните пунктови кои за време на откуп се лоцирани во Делчево. Овој пат опслужува и е наменет за околу 500ха земјоделски површини.
Вкупната вредност на изведба на работите за рехабилитација согласно потпишаниот Договор помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион и изведувачот СД Транс ДООЕЛ Славе увоз-извоз с.Ѕвегор, Општина Делчево изнесува 1.170.855,00 денари со ДДВ.
Финансиските средства за реализација на овој проект беа обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година, преку Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година, за чие искористување помеѓу МЗШВ и Центарот за развој на источниот плански регион беше склучен Договор за финансирање.