Општина Делчево се приклучува кон акцијата за чистење насловена „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023“

  • Новости

Оваа година, Општина Делчево, ЈКП „Брегалиница“, ООУ „Ванчо Прке“ и ООУ „Св. Климент Охридски“ за прв пат се приклучуваат кон  акцијата за чистење насловена „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023“ која ќе се одржи на 12.05.2023 (петок). Тргнувањето на сите заинтересирани кои сакаат да се приклучат кон акцијата е во 09.30 часот од паркингот пред Спомен-дом АСНОМ, за учесниците во акцијата е обезбеден соодветен алат и пијалоци за освежување. Предвидено е да се чисти на локација во близина на с. Очипала.

Заедно со Пивара Скопје и ПАКОМАК, со поддршка од Нула Отпад и Шпаркасе Банка, МЕН ЕНД МАУНТЕН ја организира оваа пролетна акција за чистење секој втор викенд од Мај во период од десет години: почнувајќи од 2021 се до 2031 година (од 30-ти до 40-тиот роденден на нашата земја) со цел да се исчисти отпадот кој се создава и да го рециклираме во зелена иднина за нас и за генерациите кои доаѓаат.

Оваа ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 23 ќе се одржи на 12.-14. Мај 2023 година во 53 општини – што претставува повеќе од 1.500.000 граѓани. Годинешната ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД вклучува:

  • 53 општини учеснички
  • повеќе од 85% од вкупното население на Северна Македонија
  • повеќе од 13.000 волонтери
  • повеќе од 400 училишта
Shares