На заслужено 13– дневно наградно патување низ Европа, вчера заминаа десетте најдобри матуранти од делчевската гимназија СОУ „М.М.Брицо“. По избор на матурантите, наградното патување се состои во патување за Шпанија на следната релација: Скопје-Белград-Загреб-
Патувањето е организирано преку туристичката агенција „Холилеј травел“-Скопје, а вредноста на наградното патување е 300.000 денари, средства од Буџетот на Општина Делчево.
Наградното патување низ Европа за најдобрите 10 матуранти од делчевската гимназија е традиционална награда и Општина Делчево ја доделува со цел мотивирање на средношколците за постигнување одлични резултати во образовниот процес.