Почеток на активностите на ОКР 2023

  • Новости

Општина Делчево по 12 –ти пат отпочнува со реализација на активностите преку програмата Општинско -корисна работа, дел од Оперативниот план  за активни програми и мерки за вработување за 2023 година, финансирана од УНДП во соработка со АВРСМ.

        Оваа година услуги ќе даваат вкупно 16 лица преку 4 предвидени активности – 5 лица ќе даваат услуги во Дневниот центар за лица со посебни потреби, 3 во народната кујна и 8 ќе вршат посета и нега на стари лица.

        Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман. Месечниот надомест ќе изнесува  13.750 денари за лице, со вклучен  Данок на личен доход и Осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. На корисниците на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош, за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

        Вкупниот буџет за проектот изнесува 1.980.000 ден. од кои средства за плати обезбедени од УНДП во износ од 1.584.000 ден. и средства за данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест обезбедени од Општина Делчево во износ од 396.000. Бројот на директни крајни корисници кај овој проект е 431 лице (стари лица и лица со пореченост и корисници на народна кујна).

        Активностите ќе се спроведуваат од 1 Јули 2023 до 31 Март 2024 година, на територијата на Општина Делчево како и во парнер институциите ОЈУДГ „Весели цветови“ Делчево и Дневен центар за лица со посебни потреби.

        Целта на оваа програма  е да  го унапреди системот за обезбедување на социјални и здравствени услуги на локално ниво преку надополнување на постојните или воведување на нови услуги. Програмата промовира партиципативен пристап во дефинирањето на потребите и дизајнирањето на услугите, со инволвирање на самата заедница и институции на локално ниво. Програмата, исто така, има за цел да придонесе и за постепено вклучување на невработените лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд.

Shares