Советот ја одржа 25 редовна Седница

Советот на Општина Делчево ја одржа редовната 25 Седница на Советот на која се донесоа повеќе одлуки и заклучоци.

Советот донесе Одлука за  одобрување средства за изградба на детска градинка во Општина Делчево,  согласно со донесената Програма на Владата на Република Северна Македонија. Врз основа  на обезбедени дополнителни докази произлезени од спроведеното истражување на пазарот кои ја потврдуваат оправданоста на постигнатата цена по спроведената електронска аукција, Советот одобрува дополнителни финансиски средстства во износ од 8.217.348,00 денари без ДДВ, односно 9.646.471,00 денари со вклучен ДДВ, со цел да се избере најповолна понуда согласно спроведена постапка за групна набавка, како и, а со цел да се склучи Договор за  изведување на градежни работи за изградба на детска градинка во Општина Делчево. Останатите финансиски средства кои ги финансира општината Делчево се уредени со Договор за групна набавка на градежни работи бр 03-4102/1 од 25.05.2022 година.

Советниците го усвоија Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2023, за периодот од  01.01.2023 година до 31.03.2023 годинаИзвршувањето на буџетот на Општина Делчево за првиот квартал 2023 година, изнесува 24,5% односно од вкупно планираните приходи во износ од  312.458.713 ден.  за првиот квартал се наплатени  76.490.996 денари.            Од нив, во Основниот буџет, од планирани 102.094.000 реализирани се 24.079.568 ден. или 23,6%. Во буџетот на дотации од планирани 194.456.000 приходи реализирани се 48.152.251  односно 24,7%, во буџетот на донации од планирани 3.118.713 реализирани се   2.374.590 ден. и во буџетот на самофинансирачки активности од планирани 12.790.000 реализирани се 1.884.587 денари, или 14,7 %. Расходите се реализирани во износ од 70.001.533 денари од вкупно планираните 312.458.713 денари односно 22,4%, додека во основниот буџет се реализирани 21.216.128 од планираните 102.094.000 или 21%.

Советниците го усвоија Извештај за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Општина Делчево; Одлуката за усвојување на ажурираната Процена на загрозеност на подрачјето на Општина Делчево од сите рзицици и опасности; Програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2023 година; Стратегијата за безбедност на патиштата и Акцискиот план за Општина Делчево за 2023 годинаГодишната програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Делчево за 2023 годинаОдлука за одобрување спонзорство на Црковен одбор на с. ТработивиштеОдлука за одобрување финансиски средства по барање број 09-1319/1 од 21.06.2023; Одлука за одобрување на финансиски средства по барање број 09-1373/1 од 21.06.2023; Одлука за одобрување финансиски средства по барање број 09-1378/1 од 23.06.2023; Одлука за финансиска поддршка на КУД „Гоце Делчев“-Делчево, како и Заклучок во врска со барање од жители на Ново Делчево бр.09-1312/1 од 15.06.2023 година; Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат-објект викенд-куќа зграда бр.2 по барање на Ѓеорги Костадинов;

Одлука за давање согласност на ООУ „Климент Охридски“-Делчево за формирање паралелки со помал број на ученици; Одлука за давање согласност на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево за формирање паралелки со помал број на ученици.

Shares