Започна санацијата на штетите од невремето во Делчево

  • Новости

Инженерски тим од АРМ денеска започна со санација на дел од последиците од невремето на инфраструктурата коешто го зафати Делчево на 8 јуни, а согласно со владината одлука за прогласување кризна состојба од поплави  во Делчево.

Тимот од АРМ ќе работи по точно определен план усогласен со МТВ, а кој опфаќа санација на критични точки на ендеци и водотеци.

Се очекува деновиве во санација на штетите да се вклучат и екипи од ЈП за одржување и заштита на магистрални регионални патишта.

Координатор на активностите за санација е Центарот за управување со кризи.  

Силното невреме со пороен дожд и грмежи на 8 јуни во попладневните часови  предизвика оштетувања на дел од коловозите во градот и околината, а беа поплавени подрумски простории на куќи и други објекти во градот.

Shares