Се изработува Стратегија за соработка со невладиниот сектор на Општина Делчево

  • Новости

Преку проектот  „Силни организации за одржлив локален развој“, Регионалниот центар за застапување Делчево во партнерство со Општина Делчево ќе ја изработува новата стратегија за Соработка на Општина Делчево со граѓанскиот сектор. Новиот четиригодишен стратешки документ ќе се изработува во неколку фази и за разлика од претходниот (2019-2022), ќе вклучува повеќе активности чиишто резултати треба да придонесат за поквалитетен документ за наредните четири години.

Во текот на целиот процес ќе бидат вклучени претставници на сите активни локални граѓански организации, како и претставници од локалната самоуправа. Најнапред  преку фокус група ќе се направи ревизија и евалуација на претходната стратегија со цел да се разгледаат позитивните и негативните аспекти од нејзината имплементација, а потоа РЦЗ ќе спроведе истражување за идентификација на потребите на организациите. Процесот на креирање на новата стратегија ќе се одвива преку партиципативно учество на сите организации и претставници на општината преку 4 еднодневни работилници.

Драфт верзијата ќе биде презентирана пред јавноста и ќе се даде можност за коментари и сугестии од граѓаните. Целиот процес ќе биде воден од надворешен експерт. Паралелно со овој процес РЦЗ ќе организира и кампања за промоција на бенефитите од соработката која НВО секторот ја има со локалните самоуправи преку изработка на промотивно видео и подкаст.

Проектот е финансиран преку Механизам на ЕУ за граѓанска отпорност/ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ што се финансира од ЕУ.

Shares