Без автомобили денеска во Делчево

  • Новости

Со дефиле на најмалите учесници во сообраќајот започнаа активностите за одбелжување на Светскиот ден без автомобили, а во рамки на кампањата за „Микромобилност и безбедно учество во сообраќајот“ организирана од страна на Општина Делчево и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот и активно вклучување на основните училишта, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров и ЈЛБ „Илинден“. Во Делчево денеска околу 200 ученици покажаа дека има и друг начин за транспорт за кратки патувања во населените места. Тие денеска возеа на полигон за велосипеди, се тркаа со тротинети и велосипеди, но и преку едукативно катче боеја боенки на тема „Микромобилност“, а цртаа цртежи на тема „Патувам безбедно со тротинет и велосипед“.

Светскиот ден без автомобили се одбележува со цел потикнување на луѓето да се откажат од автомобилите еден ден и за своите патувања да користат алтернативни начини на превоз, како јавен транспорт, велосипед или пешачење.

Секоја година на 22 Септември во светот се одбележува Светскиот ден без автомобили (World car free day) со најразлични активности преку кои се поттикнуваат луѓето да се откажат од автомобилите еден ден и за своите патувања да користат алтернативни начини на превоз, како јавен транспорт, велосипед или пешачење.

Овој ден се одбележува и во рамки на Европската недела на мобилност која е иницирана од страна на Европската комисија и се спроведува како кампања во периодот од 16 до 22 септември секоја година со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и промовирање алтернативни и иновативни решенија за урбан транспорт (намалување на загадувањето и унапредување на квалитетот на живот). Оваа година темата на Европската недела на мобилност е: „Се движиме квалитетно – штедиме енергија“.

Shares