Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 11.09.2023 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на 27. редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 27. редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на ден 28.09.2023 година (четврток) со почеток во 09:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од 24.седница
-Усвојување на Записник од продолжение на 24.седница
-Усвојување на Записник од 26.седница
- Предлог-Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2023 година;
Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделението за финансиски прашања.
- Годишен план за вработување на ОЈУДГ „Весели цветови“-Делчево за 2024 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели цветови“-Делчево.
- Годишен извештај за работата на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за учебната 2022/2023 година со Заклучок за усвојување (пуштен на е-маил);
Образлагач: Горан Димитровски-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево.
4.Предлог-Одлуказаутврдувањенанадоместокзапрекопувањенаопштинскипатишта, улици и тротоаринаподрачјетонаопштинаДелчево;
Образлагач: Звонко Атанасов-Раководител на Сектор за урбанизам, заштита на ЖС, комунални дејности, сообраќај и ЛЕР.
- Предлог-Одлука за определување на тарифа за општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Делчево
Образлагач:Николина Петровска Мавродиева-Виш соработник за сообраќај.
- Шестмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП „Брегалница“-Делчево за периодот од 01.01.2023 до 30.06.2023 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Марија Сумрачка-одговорна за сметководство и финансов раководител.
7.Предлог-Одлука за парична помош по Барање 21-241 од 20.09.2023 година;
8.Предлог-Одлука за финансиска поддршка по Барање бр.09-1664/1 од 23.08.2023 година;
9.Прашања и предлози на членови на Совет;
II
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.
Број 09- 1802/2 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
11.09.2023 Претседател,
Делчево Гоце Попов,с.р.