Советот на Општина Делчево го одржа продолжението на 28 Седница на која беше усвоен Ребалансот на Буџетот на Општина Делчево за 2023 година. Со Одлуката за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Делчево за 2023 година, извршено е зголемување на Буџетот за 33.823.422 и вкупниот буџет ќе изнесува 352.121.715 денари. Вкупните приходи во Основниот буџет се зголемени за 24.751.582 денари или 24% и изнесуваат 126.845.582 денари. Зголемувањето на Буџетот произлегува од зголемување на даноците на специфични услуги, односно комуналиите, приходите од ДДВ и трансферите од другите нивоа на власт.
Во Буџетот на самофинансирачки активности има незначително зголемување за 34.000 ден. и изнесува 12.824.000 ден. Во Буџетот на дотации зголемувањето е за 6.704.160 ден. и изнесува 206.079.740 ден. кај Буџетот на донации има зголемување за 2.333.680 ден. и изнесува 6.372.393 ден. Билансот на расходите изнесува 352.121.715 денари. Билансот на расходите во Основниот буџет се зголемува за 33.823.422 денари, исто, како и во билансот на приходи и изнесува 126.845.582 денари.
Во расходниот дел има зголемување во делот на платите и надоместоци од плати, во износ од 3.764.100. Во делот на стоки и услуги износот се зголемува за 2.255.213 денари. Исто така, има поголемо зголемување на каматите за 687.000 ден, како и зголемување во група 47 (новороденчиња и еднократна помош за 50.000 денари. Во капиталните расходи има зголемување за 17.891.269 ден.