Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весникна РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 22.11.2023 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на 29. редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 29. редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на ден 29.11.2023 година (среда) со почеток во 10:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
- Предлог-План на програмата за развој на Општина Делчево за 2024 година;
- Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево запериодот 01.01.2023-30.09.2023 со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Ана Ситновска Димитровска-Советник одговорен сметководител.
- Деветмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП „Брегалница“-Делчево за период 01.01.2023-30.09.2023 со Заклучок за усвојување;
Образлагач:
- Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пииење или водоснабдување на ЈКП „Брегалница“-Делчево за период (декември 2023-2024);
- Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈКП „Брегалница“-Делчево за период (декември 2023-2024);
- Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за задолжување
кај деловните комерцијални банки соодобрен износ на дозволено пречекорување во висина од 2.000.000, 00 денари
Образлагач:По точките 3,4,5 и 6- Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.
- Предлог-Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2023 година;
Образлагач: Горан Петровски-Советник з аурбанизам и енергетска ефикасност.
8.Предлог-Одлука за определување на заштитни зони, заштитни мерки и други услови за водите наменети за консумирање од страна на човекот околу експлоатациони бунари на локација во Делчево;
- Предлог-Одлука за определување на заштитни зони, заштитни мерки и други услови за водите наменети за консумирање од страна на човекот за акумулација „Лошана“;
- Предлог-Одлука за определување на заштитни зони, заштитни мерки и други услови за водите наменети за консумирање од страна на човекот околу експлоатациони бунари на локација во с. Тработивиште;
Образлагач:Татјана Стојковска-Вишсоработникзазаштитанаживотнатасредина и комуналнаинфраструктура.
- Предлог-Одлука за формирање на Совет за соцојална заштита на Општина Делчево;
Образлагач: Сузана Петровска-Советник за инфомативен систем и вработување и човечки ресурси.
12.Прашања и предлози на членови на Совет.
II
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.
Број 09- 2324/1 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
22.11.2023 Претседател,
Делчево Гоце Попов, с.р.