Нов асфалт и на крак од ул. „Македонија“

  • Новости

Заврши санацијата на најоштетената улица од поплавите во Делчево, крак на  ул „Македонија“.  Денеска асфалт се постави на оштетениот крак, каде претходно се санираше оштетената подземна инфраструктура.

Работите ги изведува ЈП за одржување магистрални и регионални патишта со финансиска поддршка од Владата и согласно со Одлуката на Владата за санација на штетите од невремето во Делчево. Претходно беше санирана улицата „Царевоселска“, а согласно со Одлуката на Владата реконструирани се и улиците: улица-булевар „Македонија“ во должина од 420 метри, улици во населбата Први Реон во должина од околу 900м. а изработен е и проект за реконструкција на мостот на река Брегалница на ул „Индустриска“, а ЈПДП за наредната година подготвува јавна набавка за реконструкција на мостот во вредност од 60 милиони денари.

Shares