Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 , 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15 и 39/16), Градоначалникот на Општина Делчево , на ден 06.12.2023 година, донесе
ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА
- За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Б5.1-Хотелски комплекси на дел од КП 2097, КП 2098, КП 2105 и КП 2106 КО ДЕлчево, Општина Делчево не е потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Делчево : delcevo.gov.mk.
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата , содржината и образецот на Одлуката за спроведување односно еспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена , одобрувањето на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Б5.1-Хотелски комплекси на дел од КП 2097, КП 2098, КП 2105 и КП 2106 КО ДЕлчево, Општина Делчево , нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Влијанијата кои ќе се јават во фаза на градба ќе бидат локални и со ограничен временски рок. За влијанијата кои можат да се јават во фаза на експолатација ( како што е зголемено ниво на бучава, несоодветно управување со отпадот) не се очекува да имаат значајни влијанија врз животот и здравјето на луѓето.
- Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
Изготвил,
Горан Петров
ГРАДОНАЧАЛНИК,
Горан Трајковски