Ученици и институции дебатираа на тема насилство

  • Новости

За насилството во сите форми денеска дебатираа учениците од Делчево со претставници од институциите во рамките на работилница на тема „Инвестирајте за да го спречите насилството врз жените и девојчињата“.

Работилницата беше организирана од Општина Делчево и заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа РОМАКТЕД фаза 2 во соработка со Министерството за труд и социјална политика, а во неа активно учество имаа преставниците од ЦСР-Општина Делчево, ОВРДелчево, КЕМ на Општина Делчево, како и ученици од двете основни училишта и Средното општинско училиште и стручните служби од училиштата.

Насилството, без разлика дали е врсничко или родово базирано, дали е физичко или психичко, или сајбер, е проблем за кој мора отворено да се разговара, да се инвестира во превенцијата, да се препознава и соодветно да се реагира кај стручните служби во училиштата или до институциите, порачаа учениците кои потенцираа дека сакаат живот без насилство.

Денешната активност е дел од глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

Shares