Врз основа на член 18 став 1 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 10/2020) и членот 64 став 1 од Статутот на Општина Делчево („Службен гласник на Општина Делчево“ 15/2013, 2/2019 и 1/2021), Локалното собрание на млади при Општина Делчево на ден 04.01.2024 година распишува
ЈАВЕН ПОВИК за членови на Локален младински совет на Општина Делчево
(1) Собранието на млади при Општина Делчево распишува Јавен повик за членови на Локален младински совет на Општина Делчево.
(2) Претставниците на Локалниот младински совет имаат право да:
– предлагаат точки на дневен ред на Советот на Општината,
– иницираат прашања за млади од делокругот на работата на Општината,
– иницираат, учествуваат и даваат повратни информации за процесот на локална младинска стратегија и други политики,
– доставуваат информации до Општината,
– вршат други советодавни и застапувачки работи во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.
(3) Бројот на членови на Младинскиот совет е пет, кои имаат мандат од две години со право на уште еден избор
(4) Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:
- Да имаат активности на територијата на Општина Делчево.
- Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој повик.
- Номинираните членови да се жители на Општина Делчево и да се на возраст од 15 до 29 години
(5) Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи:
- Портфолио за работата на организацијата.
- Мотивациско писмо за учество во Локален младински совет, но не повеќе од 1 (една) страница.
- Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Делчево.
- Писмо со номинација за член во Локалниот младински совет и контакт-информации.
- Кратка програма на номинираниот член за учество во Советот.
(6) Пријавите за членство во Локалниот младински совет се поднесуваат електронски на e-mail адресата info@delcevo.gov.mk или во Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот или по пошта на адреса: Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „Апликација за членство во Локален младински совет“
(7) Рокот за пријавување е заклучно со 13.01.2024 година.
(8) ) Изборот на членови на Локалниот младински совет го врши Собранието на млади, по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од Локалното собрание на млади. За избрани членови на Локалниот младински совет се сметаат оние кандидати кои освоиле најмногу гласови од страна на присутните делегати.
(9) За повеќе информации околку повикот може да се обратите на e-mail адресата info@delcevo.gov.mk и на телефонскиот број 070/349-776 кај административниот службеник Милица Стојковска.
Собрание на млади на Општина Делчево
Претседавач
Ана Мавродиева