Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите кој се спроведуваше во изминатиот период од 18 месеци преку реализација на низа активности и во насока на подобрување и унапредување на капацитетите на Општината, донесе евиденти позитивни резултати и промени во неколку области од работењето на Општината кои беа презентирани на заеднички состанок кој се одржа во Општина Делчево.
Општина Делчево беше една од 24 –те нови партнер општини на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите и доби голема техничка поддршка од Проектот.
Позитивниот напредок и промени се евидентирани во следните области:
–Зголемена наплата на приходи од сопствени извори за над 21% ,
–Подготвен Извештај со препораки за подобрување на организациските капацитети за администрирање на локалните даноци,
–Зголемен капацитет на даночното одделение за ажурирање на базата на податоци за данок на имот,
–Информирање на даночните обврзници за плаќањето на данокот на имот, преку едукативната кампања “Мој данок за мојата општина” споделена на веб-страница на општината на следниот линк: https://www.delcevo.gov.mk/en/danoci ,
–Изработен Извештај за самооценување на успешноста во управувањето со јавните финансии за 2022, со препораки за подобрување согласно претходно утврдени индикатори за мерење на успешноста,
–Подготвена и усвоена Процедура за извршување на расходите на Буџетот на Општина Делчево,
–Објавен Апстракт од конечни извештаи од внатрешна ревизија за 2021 година на https://www.delcevo.gov.mk/Apstrakt,
–Индексот за буџетската транспарентност за 2022-2023 изнесува 16 (од можни 16) индексни поени, во споредба со 2021-2022 кога изнесувал 14,
–Подобрена активната транспарентност која во 2023 година изнесува 97,12% , во однос на 2022 кога изнесуваше 88,6%,
–Подготвена Процедура и акциски план за подобрување на внатрешната комуникација во Општината: https://www.delcevo.gov.mk,
–Објавени индикатори на ризик во јавните набавки за 2022 година
https://www.delcevo.gov.mk/javni-nabavki,
–Интензитетот на даночната транспарентност на Општина Делчевоза 2022‐2023 изнесува 58% (од можни 100 %) во однос на 2021-2022 кога изнесувала 46%.