Верски објекти

  • Верски објекти

2.2.1 Цркви во општината

  • Успение на „Св. Богородица“ – Делчево ( изградена 1858 г)
  • „Рожденство на Пресвета Богородица“- капелна еднокорабна црква на градските гробишта, изградена во 1925 г.
  • „Св. Ѓорѓи“- с.Град;
  • „Св. Петка Параскева“ – с.Селник;
  • „Св.Богородица“-  с.Тработивиште;
  • „Св. Атанасиј“ – с.Нов Истевник;
  • „Св. Никола“ -с.Стар Истевник;
  • „Св. Архангел Михаил“-с.Драмче; ( се смета дека е градена на крајот од 17 в. И почетокот на 18 век)
  • „Св. Пантелејмон“ – Голак;
  • „Св. цар Костадин и царица Елена“ – с.Разловци;
  • „Св.Никола“- с.Вирче;
  • „Св.Димитрија“- с. Габрово;
  •  „Св.Јован Крстител“- с. Ѕвегор;
  • „Св. Еремија“- с. Стамер;
  • „Св.Никола“ -с. Вирче.
  • „Свети великомаченик Георгиј“-с. Бигла (градена1910 г. од кал и камен, но поради староста и слабата градба црквата се срушила Поради нејзиното паѓање, а со цел да не се оштетат иконите, на ден 14.05.2001 година со записник и знаење на тамошните црковни настојатели, иконите и другиот инвентар биле пренесени во црквата „Света Богородица“ во Делчево.
  • Соборен храм „Св.Кирил и Методиј“- Делчево (во изградба)
  • Параклис „Св. Климент Охридски“- Делчево;
  • Крстилница „Св.Наум Охридски“- Делчево дел од комплексот на соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ и во 2014 г е ставена во функција

2.2.2.Манастири

  • „Св.Богородица – Источен петок – Балаклија“ (манастирски комплекс) постоел уште во 1915 г., а на старите темели на 6 јуни 1999г. бил обновен и осветен на 19.09.1999 г.
  • „Покровна Богородица“ (манастирски комплекс), ревитализиран – недовршен;
  • „Св. Ѓорѓи“ – с.Вирче;
  • „Св. Илија“ – с.Ѕвегор;
  • „Св. Петка“ – с.Црквенец.

2.2.3 Џамии

  • Џамија „Султан Мехмед Фатих II“— стара османлиска џамија во градот Делчево изградена е во 1448 година во Средното или Турското Маало за време на владеењето на султанот Фатих Мехмед II и претставува најстарата градба во градот (иако денес е преизградена).
  • Џамија во с.Град;
  • Џамија „Али Паша“во с.Тработивиште;
  • Џамија во с.Звегор;
  • Џамија во с.Габрово;

 

Заштитени споменици на културата се црквите:

Св. цар Константин и царица Елена во село Разловци,

црквата „Света Петка во село Селник и

црквата „Св. Архангел Михаил во село Драмче.