Врз основа на член 48 став 1 одЗаконот за локална самоуправа („Сл. Весникна РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 08.02.2024 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на 32. редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 32. редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на ден 13.02.2024 година (вторник) со почеток во 08:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
1.Предлог-Одлука за вршење на техничка исправка на Детален урбанистички план за ГП 5, Блок М од Детален урбанистички план Локалитет „Басарица“, Општина Делчево, бр.1843/98 (донесен со Одлука бр.07-561 од 03.09.1998);
Образлагач: Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.
- Предлог-Одлука за измена на Одлуката за доделување на стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ кои постигнале особено висок успех во учењето;
Образлагач: Ванчо Новоселски-Советник за образование и култура.
- Прашања и предлози на членови на Совет.
II
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.
Број 09- 293 /1 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
08.02.2024 Претседател,
Делчево Гоце Попов,с.р.