Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 07.03 .2024 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на 33. редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 33. редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на ден 14.03.2024 година (четврток) со почеток во 09:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
–Усвојување на Записник од 31.седница
-Усвојување на Записник од 32.седница
1.Предлог- Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Делчево;
Образлагач: Гоце Попов-Претседател на Советот на Општина Делчево.
2.Предлог-Одлука за измена и дополна на Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат-објект стоваришта за складирање на стока на отворен/затворен простор зграда бр.2 по барање на Мара Маневска и Елизабета Џабирска бр.09-330/1 од 13.02.2024 година;
3.Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат-објект објект станбена куќа зграда бр.1 по барање на Васко Михаилов;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат-објект објект станбена куќа зграда бр.1 по барање на Лупчо Георгиев;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат-објект објект станбена куќа зграда бр.1 по барање на Благојчо Мицевски;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат-објект објект бетонска база-помошен објект со вграден силос зграда бр.1 по барање на друштво за производство, транспорт, промет и услуги ЕУРО-БЕТОН ДООЕЛ извоз-увоз;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат-објект објект бетонска база-помошен објект со вграден силос зграда бр.2 по барање на друштво за производство, транспорт, промет и услуги ЕУРО-БЕТОН ДООЕЛ извоз-увоз;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат-објект објект бетонска база-командна кабина зграда бр.3 по барање на друштво за производство, транспорт, промет и услуги ЕУРО-БЕТОНДООЕЛ извоз-увоз;
Образлагач:Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.
- 9. Годишен извештај за реализирани активности од Годишната програма за 2023 на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со Заклучок за усвојување;
- Годишна програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево со Заклучок за усвојување;
Образлагач:Николина Петровска Мавродиева-Виш соработник за сообраќај.
11.Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Делчево за период 01.01.2023 до 31.12.2023 со Заклучок за усвојување;
- Измена на Буџетски календар;
- Предлог-Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2023 година;
14.Годишен извештај на Општина Делчево за 2023 година;
- Завршна сметка на Буџетот на Општина Делчево за 2023 година;
Образлагач: Ана Ситновска Димитровска-Раководител на Одделението за буџет и сметководство.
16.Годишна програма за млади на општина Делчево за 2024 година;
Образлагачи: Вања Ѓорѓиевска и Искра Ѓорѓиевска-претставници на Локалниот младински совет.
- 17. Годишен извештај на ООУ „Св.Климент Охридски“ за учебната 2023/24 со Предлог-Заклучок за усвојување;
- Мислење на Програмата за реализација на ученичка екскурзија низ РСМ за ученици од трето одделение во ООУ „Св.Климент Охридски-Делчево;
- Мислење на Програмата за реализација на ученичка екскурзија низ РСМ за ученици од шесто одделение во ООУ „Св.Климент Охридски-Делчево;
20.Мислење на Програмата за реализација на ученичка екскурзија низ РСМ за ученици од деветто одделение во ООУ „Св.Климент Охридски-Делчево;
Образлагач: Горан Димитровски-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево.
- Завршна сметка на ООУ „Св.Климент Охридск“-Делчево за 2023 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Катерина Величковска-Сметководител на ООУ „Св.Климент Охридски“
- 22. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за работа на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2024 година;
Образлагач: Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.
23.Годишна програма за одбележување настани и културни манифестации за 2024 година;
Образлагач:Ванчо Новоселски-Советник за образование.
24.Програма за еднакви можности на мажите и жените на Општина Делчево и работа на КЕМ за 2024 година;
Образлагач: Даниела Такева-заменичка-координаторка за еднакви можности.
25 .Завршна сметка на ЈЛБ „Илинден“ за 2023 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Марина Димитровска-Сметководител на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.
26.23.Мислење на Програмата за реализација на ученичка екскурзија низ РСМ за ученици од трето одделение во ООУ „Ванчо Прке-Делчево;
- Мислење на Програмата за реализација на ученичка екскурзија низ РСМ за ученици од шесто одделение во ООУ „Ванчо Прке-Делчево;
- Мислење на Програмата за реализација на ученичка екскурзија низ РСМ за ученици од деветто одделение во ООУ „Ванчо Прке-Делчево;
- Завршна сметка на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево со Заклучок за усвојување;
Образлагач:Горан Велков-Директор на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево.
- Предлог-Одлука за измена наОдлукатазаревидирање и проширувањеначленовитенаШтаботзазаштита и спасувањенаопштинаДелчево;
Образлагач: Татјана Стојковскa-Виш соработник за заштита на животна средина.
- Завршна сметка на ОЈУДГ „Весели цветови“-Делчево за 2023 година со Заклучок за усвојување.
Образлагач: Маре Бошначка-сметководител на ОЈУДГ „Весели цветови„-Делчево.
II
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.
Број 09- 468 /1 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
07.03.2024 Претседател,
Делчево Гоце Попов,с.р.