С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавен увид на изработен УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ (Е-1.13) – Фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште (E 1.13) со моќност до 1 MW на дел од КП 2937, КО Ветрен, Општина Делчево

Република Северна Македонија
УП 1 бр 08-13 од 16,07,2024 г
Општина Делчево

Постапка во систем – 61946

Врз основа на член 62 став 10 и член 35 став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Делчево за 2023 година со Одлука бр. 09 – 2561/1 од 31,12,2023 година,  Градоначалникот на Општина Делчево го дава следново :

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавен увид на изработен  УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ (Е-1.13) – Фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште (E 1.13) со моќност до 1 MW на дел од КП  2937, КО Ветрен, Општина Делчево, со технички број 005/01/23  од април 2024 г. изработен од  Друштво за планирање, проектирање и инженеринг ТАЈФА-ПЛАН ДОО Скопје – Лиценца бр.0018 издадена на 14.01.2019 г.

Проектниот УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ (Е-1.13) – Фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште (E 1.13) со моќност до 1 MW на дел од КП  2937, КО Ветрен, Општина Делчево, е со проектен опфат со површина   од  5353м², односно 0,54 хa

Проектната документација се изработува по прифатена иницијатива за изработка на урбанистичка документација  од страна на Комисијата за урбанизам на Општина Делчево и одобрена Проектна програма.

Јавниот увид на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ (Е-1.13) – Фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште (E 1.13) со моќност до 1 MW на дел од КП  2937, КО Ветрен, Општина Делчево, Општина Делчево ке се спроведе со објава на урбанистичкиот проект на официјалната web страна на Општина Делчево: www.delcevo.gov.mk

Јавниот увид ке трае 15 дена од објавувањето на Соопштението, започнувајки од 16,07,2024 г  до 01,08,2024 год.

Во споменатиот период, заинтерисираните грагани и правни лиоца ид конкретното подрачје опфатено со планот ке може да доставуваат писмени забелечки, предлози и анкетни листови до Општина Делчево.

61946 Анкетен лист

61946 Соопштение

 

                                                                                    Општина Делчево
Градоначалник
Горан Трајковски

 

Shares