Советот ја одржа 37 Седница

Првенците на генерацијата од учебната 2024/25 од трите образовни институции во Делчево ќе добиваат стипендија за период од 9 месеци. Оваа Одлука ја донесоа советниците на 37 Седница на Советот, каде се дефинирани и нето-износите: по 3.000 ден. за првенецот на генерацијата од СОУ „М.М.Брицо“-Делчево и по 2.000 денари месечно за првенците на генерацијата од ООУ „Ванчо Прке“ и од ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево. Средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.

 

Советниците одобрија финансиски средства во износ од  120.000 денари на ФК „Брегалница 1926“ Делчево. Средствата ќе бидат наменети за котизација  и регистрација на играчи, лекарски прегледи и други трошоци за претстојната натпреварувачка сезона на клубот во Третата фудбалска лига- Исток.

Советниците одобрија финансиски средства во износ од  15.000 денари наменети за поддршка за учество на Милена Ангеловска на Меѓународна Олимпијата по геонауки (IESO2024) која ќе се одржи во Пекинг, Република Кина, во периодот од 08.08.2024 до 16.08.2024 година.

На Седницата се донесоа повеќе одлуки со кои се утврдува потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно-изграден објект надвор од плански опфат. Се одобрија финансиски средства во износ од 20.000 денари за поддршка на ТИМ ЕНДУРО за организирање дводневен настан  со богата програма што ќе се одржи на самата патека во Индустриска зона –Делчево.

Советниците донесоа решенија со кои нови претседатели добија две комисии, Комисијата за статут и прописи и Комисијата за еднакви можности. За претседател на Комисијата за статут и прописи е избран советникот Илче Каранфиловски, а за претседателка на КЕМ е избрана Маја Алексова.

Советниците го усвоија Извештакот за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Општина Делчево.

Shares