Активно се рабoти на целосна реконструкција на старата административна зграда на ЈКП Брегалница Делчево

Од средината на месец август 2024 г. активно се рабoти на целосна реконструкција на старата административна зграда на ЈКП Брегалница Делчево.
Работите ги изведува фирмата Панел М чија понуда беше најповолна .
Вкупната инвестиција е во износ од 145000 евра а опфаќа нова кровна конструкција, нова термоизлациона фасада, замена на сите прозори и врати со термоизолациони ПВЦ, нови тоалети , реконструкција на сите простории со тавани, зидови и подови како и замена постоечката инсталација за парно греење и други ставки наведени во проектната документација.
Во моментот се завршени работите на изградба на подовите со изолација, а сега се работи на поставување на кровната конструкција.
Работите се очекува да завршат најдоцна до крајот на 2024 година.

Shares