Општина Делчево меѓу институциите со најголема активна транспарентност за 2024 година

  • Новости

Општина Делчево меѓу институциите со најголема активна транспарентност за 2024 година.

Ова го покажува Индексот на активна транспарентност од Центарот за граѓански комуникации во редовното годишно рангирање на институциите, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

Активната транспарентност на Општина Делчево во 2024 година изнесува 94,3 % (од можни 100 %) со што Општината се наоѓа во групата институции со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %).

Овие податоци докажуваат дека Општина Делчево петта година по ред одржува високо ниво на активна транспарентност и веќе 5 години е меѓу институциите со многу добра активна транспарентност, за разлика од претходниот период кога Општината имаше просечна транспарентност.

Shares