ОДЛУКА за избор на Директор на Јавната локална библиотека „Илинден“ Делчево

Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за локалната самоуправа (,,Службен весник на Р.М., Бр.05/02), член 12 став 7 од  Законот за библиотеките („Службен весник на Република Македонија“ брoj 66/2004, 89/2008, 116/10, 51/11, 88/15, 152/15, 39/16 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.122/21 ), член 42 став 1 точка 9 од Статутот на Општина Делчево („Службен гласник на Општина Делчево“ број 15/2013, 2/2019 и 1/2021), член 12 став 4 од Статутот на Јавната локална библиотека „Илинден“ Делчево бр.02-20/5 од 06.03.2019 година,а согласно Предлогот  на кандидати за избор на Директор заведен под архивски бр.08-1439/3 од 04.10.2024 година, Градоначалникот на Општина Делчево донесе,

 

О Д Л У К А

за избор на Директор на Јавната локална библиотека „Илинден“ Делчево

 

1.       За Директор на Јавната локална библиотека „Илинден“ Делчево со мандат од 4(четири) години, СЕ ИЗБИРА:

–  Биљана Петровска од Делчево.

2.       Избраната кандидатка ќе отпочне со мандатот на должноста Директор на Јавната локална библиотека „Илинден“ Делчево по конечноста на оваа Одлука, за што ќе се донесе посебно Решение.

Образложение

Градоначалникот на Општина Делчево  распиша Јавен конкурс за избор на Директор на Јавната локална библиотека „Илинден“ Делчево бр.08-1439/2 од ден 25.09.2024 година кој беше објавен во дневенте весници „Нова Македонија“, „Вечер“ и „Коха“ на ден 25.09.2024 година. Постапувајќи согласно член 12 став 5 од Законот за библиотеките („Службен весник на Република Македонија“ брoj 66/2004, 89/2008, 116/10, 51/11, 88/15, 152/15, 39/16 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.122/21 ), Управниот одбор формираше Комисија, која ги разгледа доставените документи и согласно став 6 од истиот член  достави Предлог листа на кандидати за избор на директор по Јавен оглас заведена под наш архивски  бр.08-1439/3 од ден 04.10.2024 година. Од доставениот Предлог на Комисијата се утврди дека само кандидатот Биљана Петровска од Делчево, се има пријавено на Јавниот конкурс за избор на директор на ЈЛБ „Илинден“ Делчево и  согласно приложените докази Комисијата утврдила дека ги исполнува сите услови пропишани  во јавниот конкурс.

Согласно  член 50 став 1 точка 9 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 05/02) и член 42 став 1 точка 9 од Статутот на Општина Делчево („Службен гласник на Општина Делчево“ број 15/2013, 2/2019 и 1/2021) пропишано е дека, Градоначалникот избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс.  

Согласно е член 12 став 7 од Законот за библиотеките („Службен весник на Република Македонија“ брoj 66/2004, 89/2008, 116/10, 51/11, 88/15, 152/15, 39/16 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.122/21 ), пропишано е дека  Градоначалникот, во рок од 15 дена од денот на добивањето на предлогот врши избор на директор 

Врз основа на горенаведеното се донесе решение како во диспозитивот.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Одлука може да се вложи жалба во рок од во рок од осум дена од денот на приемот на одлуката на Градоначалникот, во однос на спроведувањето на постапката за избор на директор до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

 

 

 

 

 

ОПШТИНА   ДЕЛЧЕВО

                                                                                          Градоначалник

                                                                                       Горан  Трајковски

Shares