Во рамки на Програмата за извршување на јавни работи 2024 година чија цел е да се подобри квалитетот на живеење на граѓаните кои живеат на територијата на Општина Делчево преку ангажирање на невработени лица од социјален ризик и ниски квалификации во проекти од инфраструктурата и заштитата на животната средина на локално ниво, започна со реализација на мерката-јавни работи од Оперативниот план кој ќе се спроведува до крај на месец Ноември, 2024 година.
Со оваа мерка се опфатени 18 невработени лица од евиденцијата на АВРСМ со ниски квалификации.
Исплата ќе се врши од Буџетот на АВРСМ и кофинансирање во износ од 20% од Буџетот на Општина Делчево.
Дел од активностите се обновување и фарбање на дел од урбаната опрема која е поставена во централното градско подрачје, изградба на тоалети на планината Голак, како и вградување на бехатон плочки во с.Габрово.