Почитувани партнери, почитувани граѓани,
Со задоволство Ве покануваме на завршниот настан на „Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево“, финансиран од Владата на Швајцарија, Владата на Република Северна Македонија и општина Делчево.
Заеднички да ги споделиме резултатите од успешната приказна кој во изминтите години ја создадовме со нашите партнери.
На 28 Октомври во 11,45 часот официјално ќе биде пуштена во употреба прeчистителната станица за вода за пиење во с. Тработивиште, и конечно жителите на Општина Делчево ќе добијат чиста и квалитетна вода, за себе но и за идните генереации.