Објавен прашалник за предлози од граѓаните за Буџетот за 2025

  • Новости

Во насока на анимирање на граѓаните за активно учество во креирање на Буџетот на Општина Делчево за 2025 година, од денеска на општинската веб-страница delcevo.gov.mk, е активен анкетен прашалник за собирање предлози од граѓаните на Општина Делчево за општинскиот Буџетот за наредната година.

Целта на овој анкетен прашалник поттикнување на граѓанското учество во процесот на креирање на Буџетот на Општината, како предвидување средства во согласност со потребите на граѓаните. Прашалникот можете да го пополните на следниот ЛИНК, а со негово пополнување директно учествувате во креирање на приоритетите и Буџетот на Општина Делчево за 2025.

Исто така, Општина Делчево за 26.11.2024 (вторник) во просториите на Спомен-дом АСНОМ , ќе организира и форумска сесија на која се очекува присуство на претставници од месните и урбаните заедници, нво-секторот, институции и сл.

Shares