Република Северна Македонија
УП 1 бр 08-13 од 16,12,2024 г
Општина Делчево
Постапка во систем – 61946
Врз основа на член 62 став 10 и член 35 став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Делчево за 2024 година со Одлука бр. 09 – 2561/1 од 31,12,2023 година, Градоначалникот на Општина Делчево го дава следново :
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавен увид на изработен УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ (Е-1.13) – Фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште (E 1.13) со моќност до 1 MW на дел од КП 2937, КО Ветрен, Општина Делчево, со технички број 005/01/23 од ноември 2024 г. изработен од Друштво за планирање, проектирање и инженеринг ТАЈФА-ПЛАН ДОО Скопје – Лиценца бр.0018 издадена на 14.01.2019 г.
Проектниот УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ (Е-1.13) – Фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште (E 1.13) со моќност до 1 MW на дел од КП 2937, КО Ветрен, Општина Делчево, е со проектен опфат со површина од 5353м², односно 0,54 хa
Проектната документација се изработува по прифатена иницијатива за изработка на урбанистичка документација од страна на Комисијата за урбанизам на Општина Делчево и одобрена Проектна програма.
Јавниот увид на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ (Е-1.13) – Фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште (E 1.13) со моќност до 1 MW на дел од КП 2937, КО Ветрен, Општина Делчево, Општина Делчево ке се спроведе со објава на урбанистичкиот проект на официјалsната web страна на Општина Делчево: www.delcevo.gov.mk
Јавниот увид ке трае 15 дена од објавувањето на Соопштението, започнувајки од 17,12,2024 г до 02,01,2025 год.
Во споменатиот период, заинтерисираните грагани и правни лиоца ид конкретното подрачје опфатено со планот ке може да доставуваат писмени забелечки, предлози и анкетни листови до Општина Делчево.
61946 Соопштение дек 24 02 elektron
Општина Делчево – Градоначалник
Горан Трајковски