Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“
Ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1
тел: 033 411 133, 070 966 604
e-mail: centarzakultura@yahoo.com
Основач на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево е Владата на Република Северна Македонија и е правен следбеник на правното лице Установа за образование и културна дејност „М.М.Брицо“ Делчево, основана од Собранието на Општина Делчево и правен следбеник на работна организација Дом на култура „Никола Јонков Вапцаров“.
Во рамките на основната дејност, Центарот за култура ги врши следните функции:
1. Врши програмско и функционално поттикнување и развој на културата;
2. Го поттикнува творештвото на децата и младите, со посебен акцент на културно-уметничкиот аматеризам;
3. Врши систематско истражување, собирање, средување, стручно и научно обработување и проучување, заштита, чување, објавување и презентирање на движното културно богатство, предмети и експонати;
4. Врши објавување на културно-уметнички дела;
5. Го зачувува и негува автентичното фолклорно богатство;
6. Врши претставување на музичките, музичко–сценските, ликовните, театарските, литературните, филмските и уметничките творења.
7. Се грижи за унапредување на културно-забавните активности;
8. Се грижи за усовршување на стручните кадри;
9. Соработува со разни институции од земјата од областа на културата и со здруженија и невладини организации со кои остваруваат и реализираат проекти од областа на културата и уметноста;
Дополнителна дејност: Прикажување филмови
Во рамки на Центарот за култура работи Фолклорната група „Вапцаров “, Пејачката група „Ѓурѓа“ и Оркестарот„Делчевски еснафи“. Во тек е постапка за формирање Ликовно студио „Белогаски“.
НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, е организатор на традиционалните културни манифестации: Детски фестивал „Пијанечки бисери“, „Балканот пее и игра“, „Делчевска серенада- староградска песна“, Саемот на стари занаети“, Голачките фолклорни средби.