РЕШЕНИЕ за свикување на 34. редовна седница на Советот на Општина Делчево

34. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 10.01.2020 (петок) во 14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата е предложен следниот

Дневен ред

1.Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Делчево за 2020 година;

Образлагач: Драган Маневски-Претседател на Советот на Општина Делчево.

2.Стратегија за надворешна комуникација на Општина Делчево 2020-2024;
3.Предлог-Програма за промоција и комуникација со јавноста за 2020 година на Општина Делчево;
4.Извештај за реализација на Годишната Програма за одбележување настани и културни манифестации за 2019 година со Заклучок за усвојување;
5.Годишната Програма за одбележување настани и културни манифестации за 2020 година;

Образлагач: По точките 2,3,4 и 5-Даниела Такева-ПР на Општина Делчево.

6.Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Делчево за 2020 година,
7.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект станбена куќа зграда бр.1 по барање на Станка Анастасова;
8.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект објект селско стопанство зграда бр.2 куќа по барање на Станка Анастасова;
9.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект објект селско стопанство зграда бр.3 куќа по барање на Станка Анастасова;
10.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект објектгаража зграда бр.4 по барање на Станка Анастасова;
11.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект помошен објект зграда бр.5 по барање на Станка Анастасова;
12.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект викенд куќа зграда бр.1 по барање на Драги Васев;
13.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект помошен објект згр.1 по барање на Никола Атанасов;
14.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект станбена куќа зграда бр.2 по барање на Ефтим Јочевски;
15.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект гаража зграда бр.3 по барање на Игор Станковски;

Образлагач: По точките од 6 до 15-Горан Петровски-Советник за енергетска ефикасност.

16.Одлука за давање согласност на Програмата за работа на ЈКП „Брегалница“ за 2020 година;

Образлагач: Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

17.Извештај за реализирани активности на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2019 година со Заклучок за усвојување;
18.Програма за работа на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2020 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: По точките 17 и 18-Билјана Петровска-Директор на ЈЛБ „Илинден“-Делчево;

19.Одлука за давање согласност на Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.
20.Одлука за давање согласност на Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на работните места на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;

Образлагач: По точките 19 и 20-Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

21.Предлог-Одлука за измена на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2020 година;
22.Предлог-Одлука за резервирани средства за експропријација во Буџетот на Општина Делчево за 2020 година,

Образлагач: По точките 21 и 22-Анка Христова-Раководител на Одделението за буџетска контрола, сметковоство и администрирање на даноци.

23.Предлог-Програма за одржување на јавна чистота на општина Делчево за 2020 година;

Образлагач: Татјана Стојковска-Виш соработник за заштита на животна средина.

24.Решение за разрешување и именување на членови на Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на ЈПКД „Брегалница“-Делчево;
25.Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства;

Образлагач: Драган Маневски-Претседател на Советот на Општина Делчево.

II

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

Бр.09-18/1
03.01.2019 год.
Д е л ч е в о

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател,
Драган Маневски

Shares