Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („ Сл. Весник на РМ “ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. Гласник на Општина Делчево “ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 13.05. 2020година, донесе
РЕШЕНИЕ
За свикување на 40. редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 40. Седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 20.05.2020 (среда) во 14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За се дницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од 39.седница на Советот
- Предлог-Програма за работа на Одделението за превенција, заштита и спасување;
Образлагач: Кире Цоневски-Сореботник за превенција, заштита и спасување.
- Предлог-Одлука за утврдување приоритетен инвестициски потпроект;
- Предлог-Одлука за давање согласност и овластување на Градоначалникот на општина Делчево за потпишување на Договор за грант;
- Предлог-Одлука за давање согласност и овластување на Градоначалникот на општина Делчево за измирување односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Делчево;
- Предлог-Одлука за времено финансирање на Здружение за рурален развој Локална Акциона Група „Малеш-Пијанец“ од Општина Делчево како соосновач;
- Предлог-Одлука за плаќање на членарина на Општина Делчево како соосновач на Здружение за рурален развој Локална Акциона Група „Малеш-Пијанец“ за 2020 година;
- Предлог-Одлука за урбанистичка ревизија на општина Делчево;
Образлагач: Тони Стоименовски-Советкик за поддршка на ЛЕР.
- Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект со намена различна од итрврдената во важечко –планска документација зграда бр.1 –објект со намена А4 викенд куќа по барање на Сашко Марковски;
- Предлог-Одлука за изработка на Урбанистичко-проектна документација-Проект за инфраструктура за изградба на Пристапна улица кон ул.„Илинденска“ на дел од к.п.бр.6496, КО Делчево-општина Делчево;
- Предлог-Одлука за изработка на Урбанистичко-проектна документација-Проект за инфраструктура за реконструкција на улици во с.Ѕвегор со краци 1,2 и 3 – општина Делчево;
- Предлог-Одлука за изработка на Урбанистичко-проектна документација-Проект за инфраструктура за реконструкција на Улица 1 во с. Вирче, к.п. бр 2890, КО Вирче, општина Делчево;
- Предлог-Одлука за изработка на Урбанистичко-проектна документација-Проект за инфраструктура за реконструкција на Улица 2 во с. Вирче, дел од к.п. бр 5563, КО Вирче, к.п. бр.2973, КО Вирче-општина Делчево;
- Предлог-Одлука за изработка на Урбанистичко-проектна документација-Проект за инфраструктура за реконструкција на улица во с. Стамер к.п. бр.3170, КО Стамер-општина Делчево;
- Предлог-Одлука за изработка на Урбанистичко-проектна документација-Проект за инфраструктура за реконструкција на улица во с. Стамер к.п. бр.3170, дел од к.п. бр.3190 и дел од 3072 КО Стамер-општина Делчево;
Образлагач: По точките од 8 до 14- Горан Петровски-Советник за енергетска ефикасност.
- Тримесечен извештај за финансискотоработење на ЈКП „Брегалница“-Делчево за периодот01.2019 -31.03.2019 со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево
- Предлог-Решение за разршување и именувањепретставникнаЛокалнатасамоуправавоУправниотодборна ЈЗУ Здравствендом „ГоцеДелчев“;
Образлагач:ДраганМаневски-ПретседателнаСоветотнаОпштинаДелчево.
- Предлог-Одлука за усвојување на Листа на информации од јавен карактер на Општина Делчево;
- Предлог-Листа на информации од јавен карактер на Општина Делчево;
Образлагач: Џулиета Мемедова- Самостоен референт за безбедност и здравје при работа
II
Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Бр.09-857/ СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
13.05.2020 Претседател,
Делчево Драган Маневски,с.р.