Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весникна РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на ОпштинаДелчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 24.08.2020 година, донесе
РЕШЕНИЕ
за свикување на 43.редовна Седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 43. Седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 31.08.2020 (понеделник) во14:00 часот во фоајето на Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За Седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од 42.седница на Советот
- Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за 2020 година за квартал 2 со Заклучок за усвојување;
Образлагач:Шабан Багашов-Раководител на Сектор за финансиски прашања.
- Годишен план за вработување на Општина Делчево за 2021 со Заклучок за усвојување;
- Предлог-Одлука за ослободување од партиципација на деца Роми на возраст од 3-6 години за престој во детските градинки што се во социјален ризик за учебната 2020-2021 година;
Образлагач: Џулиета Мемедова-Самостоен референт за здравје и безбедност при работа.
- Годишен извештај за работата на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за 2019/2020 година со Заклучок за усвојување;
- Годишна програма за работа на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за 2020/2021 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач:Горан Димитровски-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски.
- Годишен извештај за работата на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево за 2019/2020 година со Заклучок за усвојување;
- Годишна програма за работа на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево за 2020/2021 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Горан Велков-Директор на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево.
- Извештај за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево со Заклучок за усвојување.
Образлагач: Стојан Димитровски-Командир на Полициска станица од општа надлежност Делчево.
- Шестмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП „Брегалница“-Делчево за период 01.01.2020 до 30.06.2020 со Заклучок за усвојување;
- Образлагач: Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево и Марија Сумрачка одговорен сметководител.
- Годишен план за вработување на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2021 година со Заклучок за усвојување.
Образлагач: Билјана Петровска-Директор на ЈЛБ “Илинден“-Делчево.
II
Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Бр.09-1402/1 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
24.08.2020 Претседател,
Делчево Драган Маневски