Решение за свикување на 44. редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 15.09.2020  година, донесе

 

РЕШЕНИЕ

за свикување на 44. редовна седница на

Советот на Општина Делчево

I

            Ја свикувам 44. седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на 16.09.2020 (среда) во 14:00 часот во фоајето на Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

Дневен ред

 -Усвојување на Записник од 43.седница на Советот

1. Предлог-Одлука за давање согласност за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време во ОЈУДГ „Весели Цветови“ – Делчево;

2. Предлог-Одлука за давање согласност за формирање на групи со помал број на деца во ОЈУДГ „Весели Цветови“ – Делчево;

Образлагач: Билјана Симовска – Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“.

3. Предлог-Одлука за барање согласност од Владата на РСМ за организирање настава со физичко присуство на учениците  во ООУ „Св.Климент Охридски“ – Делчево за учебната 2020/2021;

4. Предлог-Одлука за барање согласност од Владата на РСМ за организирање настава со физичко присуство на учениците во подрачните училишта при ООУ „Ванчо Прке “ – Делчево за учебната 2020/2021;

5. Предлог-Одлука за барање согласност од Владата на РСМ за организирање настава со физичко присуство на учениците во СОУ „М.М.Брицо“-Делчево;

6. Предлог-Одлука за давање согласност за раскинување на Договор за времено користење на простории-објект детска градинка наш бр.11-114/1 од 13.02.2008;

Образлагач: По точките 3, 4, 5 и 6 –  Ивана Ивановска – Помлад соработник за нормативно-правни работи.

II

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

Бр.09-1510/1

15.09.2020

Делчево

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател
Драган Маневски

Shares