Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 23.09.2020 година, донесе
РЕШЕНИЕ
за свикување на 45. редовна седница наv Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 45. седница на Советот на Општина Делчево.Седницата ќе се одржи на 30.09.2020 (среда) во 14:00 во фоајето на Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од 44.седница на Советот
1.Предлог-Одлука за давање на користење на недвижен имот-капела на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ ПО-Делчево;
Образлагач: Ивана Ивановска-Помлад соработник за нормативно-правни работи.
2.Годишен извештај за работата на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за учебната 2019/2020 година со Заклучок за усвојување; 3.Годишна Програма за работа на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за учебната 2020/2021 со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Љупчо Прачкоски-Директор на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево.
4 .Годишен извештај за работата на ОЈУДГ „Весели Цветови “-Делчево за воспитната 2019/2020 година со Заклучок за усвојување;
5.Годишна програма за работата на ОЈУДГ „Весели Цветови “-Делчево за воспитната 2020/2021 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.
6.Извештај за спроведувањето на Програмата за јавна чистота во општина Делчево за 2019 година со Заклучок за усвојување; Образлагач: Звонко Атанасов-Раководител на Одделението за урбанизам.
II
Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Бр.09- /1
23.09.2020
Делчево
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател,
Драган Маневски