Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден13.11.2020 година, донесе
РЕШЕНИЕ
за свикување на 47.редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 47. седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 20.11.2020 (петок) во14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од 46.седница на Советот
1.Предлог-Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад;
Образлагач: Ивана Ивановска-Помлад соработник за нормативно-правни работи.
- Предлог-План на програма за развој на Општина Делчево за 2021 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Звонко Атанасов-Раководител на Одделението за урбанизам.
3.Предлог-Одлука за проширување на Буџетот на Општина Делчево за 2020 година;
Образлагач: Шабан Багашов-Раководител на Сектор за финансиски прашања.
Забелешка: Доколку има потреба во текот на неделата можно е да ви бидат доставени и други дополнителни материјали.
II
Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Бр.09-1876/1
13.11. 2020
Делчево
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател
Драган Маневски