Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весникна РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 15.12.2020 година, донесе
РЕШЕНИЕ
засвикувањена 48. редовна седницана
СоветотнаОпштинаДелчево
I
Ја свикувам 48. седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 29.12.2020 (вторник) во14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од 47.седница на Советот
- Предлог-Буџет на Општина Делчево за 2021 година;
- Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2021 година;
- Предлог-Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2020 година;
- Буџетски календар;
Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделение за буџет.
(Точките 2,3 и 4 ќе бидат доставени дополнително)
- Предлог-Одлука за одвојување на средства за финансиско учество на општина Делчево во имплементација на проекти од регионално значење;
Образлагач: Тони Стоименовски-Советник за ЛЕР.
- Измени на Годишен план за вработување на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2021 година;
Образлагач:Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.
- Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Делчево за 2021 година;
Образлагач: Драган Маневски-Пртседател на Комисијата за изработка на Програма за работа на Советот.
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект,помошен објект здрада бр.1 по барање на Дарко Стојковски;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект, викенд- куќа зграда бр.1 по барање на Тихомир Митевски;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект викенд- куќа зграда бр.1 по барање на Боро Атанасовски;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат пумпи за вода зграда бр.2 по барање на Боро Атанасовски;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект гаража зграда бр.2 по барање на Славе Михаиловски;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект станбена куќа зграда бр.1 по барање на Славе Михаиловски;
II
Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Бр.09-2057/1
15.12. 2020
Делчево
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател
Драган Маневски, с.р