Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 22.01.2021 година, донесе
РЕШЕНИЕ
за свикување на 49. редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 49. седница на Советот на Општина Делчево.
Седницатаќесеодржина 29.01.2021 (петок)во14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од 48.седница на Советот
- Статут за изменување на Статутот на Општина Делчево („Сл.гласник на Општина Делчево 15/2013 и 2/2019);
Образлагач: Ивана Ивановска-Помлад соработник за нормативно-правни работи
- Извештај за реализирани активности на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2020 година со Заклучок за усвојување;
- Програма за работа на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2021 година нсо Заклучок за усвојување;Образлагач: Билјана Петровска-Директор на ЈЛБ „Илинден“-Делчево
- Извештај за реализацијата на Програма за социјална заштита на Општина Делчево бр.08-88/1 од 18.01.2020 со Заклучок за усвојување;
- Предлог-Програма за еднакви можности на жените и мажите на Општина Делчево и работа на КЕМ за 2021 година;
Образлагач: По точките 4 и 5-Сузана Петровска-Советник за вработување и информативен систем за ЧР.
- Предлог-Одлука за донесувањена Предлог-Детален урбанистички план за урбана единица 2, дел од блок 2,1 – Кожара, град Делчево, Општина Делчево, плански период 2015-2020 со површина од 3,035 ха;
Образлагач: Горан петровски-Советник за енергетска ефикасност.
- Извештај за реализација на Годишната Програма за одбележување настани и културни манифестации за 2020 година со Заклучок за усвојување;
- Предлог-Програма за одбележување настани и културни манифестации за 2021 година;
- Извештај за реализација на Програмата за промоција и комуникација со јавноста за 2020 година на Општина Делчево со Заклучок за усвојување;
- Предлог-Програма за промоција и комуникација со јавноста за 2021 година на Општина Делчево;Образлагач: По точките 7, 8, 9 и 10-Даниела Такева-Советник за протокол и односи со јавноста.
- Предлог-Одлука за утврдување на зони за процена на пазарна вредност на недвижен имот и утврдување на парзарна вредност на градежно и земјоделско земјиште според просечни цени на извршени купопродажби во претходна година на подрачјето на Општина Делчево;
- Предлог-Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Делчево за 2021 година;
- Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општински патишта и улици во општина Делчево за 2021 година;
Образлагач: По точките 11,12 и 13-Звонко Атанасов-Раководител на Одделението за урбанизам.
I I
Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Бр.09-107/1
29.01. 2021год.
Д е л ч е в о
Совет на Општина Делчево
Претседател
Драган Маневски