Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весникна РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 01.07.2021 година, донесе
РЕШЕНИЕ
за свикување на 54. редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 54. Седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 08.07.2021 (четврток) во 14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од 53.седница
- 1. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за период 01.01.2021 до 31.03.2021 година со Заклучок за усвојување;
- Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Делчево за 2021 година;
Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделение за буџетска контрола, сметководство и администрирање на даноци.
3.Правилник за изменување и дополнување на Правилникотза начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево;
Образлагач: Ивана Ивановска-Советник за правни работи и застапување.
4.Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за организација, делокругот и начинот на извршувањето на задачите на општинската администрација на Општина Делчево;
*5.Годишен план за вработување на Општина Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: По точките 4 и 5-Џулиета Мемедова-Самостоен референт за заштита при работа.
- Предлог-Одлука за одобрување на Програмата за градби кои не се предвидени со урбанистички план односно урбанистичка документација-Отворено спортско игралиште Скејт парк на дел од к.п. бр.8647/1 КО Делчево;
7.Предлог-Одлука за определување на места за истакнување на изборни плакати во општина Делчево;
Образлагач: По точките 6 и 7-Горан Петровски-Советник за енергетска ефикасност.
8.Предлог-Одлука.зако-финанисрање на проекти на граѓански организации кои ќе се финансираат преку јавните повици организирани во рамките на ReLOaD2;
- Предлог-Одлука за усвојување на „Профил и Стратегија за Локален економски развој“ на општина Делчево 2021-2025;
Образлагач: По точките 8 и 9-Тони Стоименовски-Советник за ЛЕР.
- 10. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства на Црковен одбор на с. Стамер;
Образлагач: Драган Маневски-Претседател на Советот на Општина Делчево.
- Предлог-Одлука за давање позитивно мислење на Статутарната Одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево;
- Годишен план за вработување на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: По точките 11 и 12- Горан Димитровски-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево;
13. Годишен план за вработување на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Билјана Петровска-Директор на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.
14. Годишен план за вработување на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: По точките 13 и 14- Горан Велков-Директор на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево;
15. Измени на Годишен план за вработување на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2021 година со Заклучок за усвојување;
16. Годишен план за вработување на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: По точките 15 и 16-Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево;
17.Предлог-Одлука за одобрување на приоритетен објект по Проектот „Поврзување на локални патишта“ финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка
Образлагач: Тони Вангеловски – Советник за уредување на градежно земјиште.
18.Предлог-Одлука за давање согласност на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за формирање на паралелки со помал број на ученици;
Образлагач: Љупчо Прачковски-Директор на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево.
19.Предлог-Одлука за изменување и дополнување [усогласување со Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ бр.24/2021)] на Одлуката за основање на Центар за развој на Источниот плански регион број 07-207/1 од 14.03.2008 година;
- Предлог-Одлука за основање на Центар за развој на Источниот плански регион
(Пречистен текст*)
Образлагач:По точките 19 и 20- Катерина Василев-Координатор за правни и општи работи и управувaње со човечки ресурски –Центар за равој на Источен плански регион.
II
Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Бр.09—1130/1
01.07.2021 год.
Делчево
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
ПРЕТСЕДАТЕЛ
ДРАГАН МАНЕВСКИ