Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 одСтатутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 20.08.2021 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на 55. редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 55. редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 27.08.2021 (петок) со почеток во 14.00 часот,во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од 54.седница
1.Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за период од 01.01. 2021 до 30.06.2021 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделение за буџетска контрола, сметководство и администрирање на даноци.
2.Годишен план за вработување на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;
- Предлог-Одлука за давањесогласностзаутврдувањенапочетокот и завршетокотнаработнотовремево ОЈУДГ „ВеселиЦветови“-Делчево;
- Предлог-Одлука за давање согласност на Правилникот за утврдување на цените на услугите што ги дава ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за износот и надоместокот на трошоците за престој на деца во установата што паѓаат на товар на родителите бр.0202-94/3 од 13.08.2021 година.
Образлагач:По точките2,3 и 4-Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.
- Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за добивање нарешениезаизградбанаотвореноспортскоигралиште – СкејтпарквоДелчево;
Образлагач: Николина Петровска Мавродиева
- Годишен извештај на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево за учебната 2020/2021 година со Заклиучок за усвојување;
- Годишна Програма за работа на ООУ „Ванчо Прке“ Делчево за учебната 2021/2022 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Горан Велков-Директор на на ООУ „Ванчо Прке“ Делчево.
8.Годишен извештај на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за учебната 2020/2021 година со Заклучок за усвојување;
- Годишна Програма за работа на ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево за учебната 2021/2022 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Горан Димитровски-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево.
10.Прашања и предлози на членови на Совет.
II
Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Бр.09—1456/1
20.08.2021 год.
Делчево
Совет на Општина Делчево
Претседател
Драган Маневски