РЕШЕНИЕ за свикување на Прва редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. Гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 08.11.2021година, донесe

 

РЕШЕНИЕ

за свикување на Прва редовна седница на

Советот на Општина Делчево

I

            Ја свикувам Првата редовна седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на 15.11.2021 (понеделник) со почеток во 14.00 часот,во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

-Усвојување на Записник  од Конститутивна седница

  1. Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Делчево за 2021 година;

Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделението за буџетска контрола, сметководство и администрирање на даноци.

  1. Предлог-план на Програма за развој на Општина Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач:Звонко Атанасов-Раководител на Одделението за урбанизам.

  1. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈКП „Брегалница“-Делчево за регулиран период 2022-2024;
  2. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈКП „Брегалница“-Делчево за регулиран период 2022-2024;
  3. Предлог-Заклучок за усвојување на Деветмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП „Брегалница“ за периодот 01.01.2021 до 30.09.2021 година;

Образлагач: Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

  1. Предлог-Решение за формирање на Комисија за статут и прописи;
  2. Предлог-Решение за формирање на Комисија за финансирање, буџет и ЛЕР;
  3. Предлог-Решение за формирање на Комисија за урбанизам, планирање и уредување на просторот и заштита на животна средина;
  4. Предлог-Решение за формирање на Комисија за комунални работи и сообраќај;
  5. Предлог-Решение за формирање на Комисија за јавни дејности;
  6. Предлог-Решение за формирање на Комисија за еднакви можности помеѓу мажите и жените;
  7. Предлог-Решение за формирање на Комисија за Комисија за спорт;

Образлагач: По точките 6,7, 8, 9, 10,11 и 12-  Гоце Попов-Претседател на Комисијата за прашањата на верификација на мандатите, изборите и именувањата.

  1. Измени на Годишен план за вработување на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;
  2. Предлог-Одлука за отпочнување со работа на објект 3 во с.Разловци Делчево во состав на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;

Образлагач: Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево

  1. Предлог-Одлука за доделување на стипендии на одлични ученици во СОУ „М.М.Брицо“-Делчево;
  2. Предлог-Одлука за доделување на стипендии на одлични ученици во СОУ „М.М.Брицо“ кои постигнале особено висок успех во учењето.
  3. Предлог- Одлука за доделување на стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија;
  4. Предлог-Одлука за доделување на стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија кои постигнале особено висок успех во студирањето;

Образлагач:По точките 15,16, 17 и 18- Ванчо Новоселски-Советник за образование.

  1. Предлог-Решение за именување на претставници на основачот во Училишниот одбор на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево;
    Образлагач: Ванчо Новоселски-Советник за образование.
  2. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Надзорниот одбор на ЈКП „Брегалница“-Делчево;
  3. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈКП „Брегалница“-Делчево;
  4. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на Локален историски, археолошки, етнолошки и природно-наушен МУЗЕЈ НА ГРАД ДЕЛЧЕВО-ПИЈАНЕЦ –Делчево;
    Образлагач:  По точките 20,21 и 22-Ивана Ивановска-Советник за правни работи и застапување.

II

            Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.

Број 09-2152/1
08.11.2021
Делчево

Совет на Општина Делчево
Претседател
Гоце Попов

Shares