РЕШЕНИЕ за свикување на Седмата редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 08.03.2022 година, донесe

 

РЕШЕНИЕ

за свикување на Седмата редовна седница на

Советот на Општина Делчево

I

 

Ја свикувам Седмата редовна седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на15.03.2021 (вторник) со почеток во 14.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

-Усвојување на Записник од Шестата  седница на Советот на Општина Делчево

  1. Годишен извештај на Општина Делчево за 2021 година со Заклучок за усвојување;
  2. Завршна сметка на Буџетот на Општина Делчево за 2021 година;

Образлагач: По точките 1 и 2 – Анка Христова-Раководител на Одделението за буџетска контрола, сметководство иадминистрирање со имотот на општината.

  1. Извештај за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево;

Образлагач: Стојан Димитровски-Командир на Полициска станиц од општа надлежност Делчево.

  1. Завршна сметка на Јавната локална библиотека „Илинден“-Делчево за 2021 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Марина Димитровска-Книговодител на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.

  1. Предлог-Одлука за парична помош по барање на Стефанија Јосифовска од Делчево;
  2. Предлог-Одлука за за парична помош по барање на Игорчо Иликовски од с.Разловци;
  3. Предлог-Одлука за за парична помош по барање на Роберт Карафатски од с.Разловци;

Образлагач: Ана Ситновска Димитровска-Одговорен сметководител.

  1. Предлог-Програма за поставување на урбана опрема на територијата на град Делчево;
  2. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Делчево за 2022 година;
  3. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за добивање на одобрение за градење на детска градинка за ГП 3.2.01 од ДУП УЕ 3, дел од Урбан блок 3.2. КО Делчево во Делчево;
  4. Предлог-Одлука за кофинансирање во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП 2 за доискористување на преостанати средства;

Образлагач: По точките 8,9, 10 и 11-Звонко Атанасов-Раководител на Одделение за урбанизам, заштита на животна средина , комунални дејности и сообраќај.

  1. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Делчево за 2022 година;

Образлагач: Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.

  1. Завршна сметка на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за 2021 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач:Маре Бошначка-Одговорен сметководител наОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

  1. Завршна сметка на ООУ „Св.Климент Охридски“ за 2021 година со Заклучок за усвојување;
  2. Завршна сметка на ООУ „Ванчо Прке“ за 2021 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач:  По точките 14 и 15-Катерина Величковска- Сметководител на ООУ „„Св.Климент Охридски“ и ООУ „Ванчо Прке“.

II

            Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.

Број 09-447/1
08.03.2022
Делчево

Совет на Општина Делчево
Претседател
Гоце Попов

Shares