РЕШЕНИЕ за свикување на Вонредна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 40 став 1 одЗаконот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 26  од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021) и член 59 од Деловникот, Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 27.06.2022 година, донесe

 

РЕШЕНИЕ

за свикување на Вонредна седница на

Советот на Општина Делчево

 

I

            Свикувам вонредна седница на Советот на Општина Делчево.

Вонредната седница ќе се одржи на 27 .06.2022 (понеделник) со почеток во 17.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

 

  1. Предлог- Заклучок за првично санирање на штетата и процена на настаната штета во Општина Делчево.

II

 Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.

Број 09-1113/1
27 .06.2022
Делчево

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател
Гоце Попов

Shares