Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 30.06.2022 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на Единаесеттата редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам Единаесеттата редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 07.07.2022 (четврток) со почеток во 14.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од 10. седница на Советот на Општина Делчево
1.Предлог-Одлука за измена на распоредот на средства во Буџетот на Општина Делчево за 2022 година;
Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделението за буџет, сметководство и администрирање на даноци.
2.Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на инвестицијата;
3. Предлог-Одлука за утврдување на намената на инвестицијата,
Образлагач: Тони Стоименовски-Советник за ЛЕР.
4.Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за ЈЛБ „Илинден“-Делчево;
5.. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на КК „Патриот 2016“ Делчево;
6.Предлог-Одлука за финансиска поддршка на КУД Гоце Делчев Делчево;
7. Предлог-Одлука за парична помош на Аце Трајановски од Делчево.
Образлагач: Ана Ситновска Димитровска-Одговорен сметководител на Општина Делчево.
7.Предлог-Одлука за утврдување на реони во општинските основните училишта од Општина Делчево;
Образлагач: Ванчо Новоселски-Советник за образование.
8.Предлог-Одлука за ослободување од плаќање од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на Пречистителна станица за вода за пиење со намена Е1.5 – Инфраструктури на водоснабдување (станица за пречистување и дезинфекција) – административна зграда, КО Тработивиште во општина Делчево;
Образлагач: Звонко Атанасов –раководител на Секторот за урбанизам, уредување на ГЗ, комунални работи, соообраќај и заштита на ЖС.
9.Заклучок за усвојување на Тромесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП „Брегалница“-Делчево за периодот 01.01.2022 -31.03.2022 година, број 0102-150/1 од 19.04.2022 година;
Образлагач: Марија Сумрачка-Сметководител на ЈКП „Брегалница“-Делчево и Стојче Стојковски-директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.
10. Предлог-Одлука за прифаќање иницијатива на Советот на Општина Штип за воспоставување меѓуопштинска соработка за вршење на работи во рамките на проектот „Дигитализација на општинските услуги во Источен плански регион“.
Образлагач: Ивана Иваносвка-Советник за правни работи и застапување.
II
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.
Број 09-1310 /1
30 .06.2022
Делчево
30 .06.2022
Делчево
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател
Гоце Попов
Гоце Попов