РЕШЕНИЕ за свикување на 14. редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 23.09.2022 година, донесe

 

РЕШЕНИЕ

за свикување на 14. редовна седница на

Советот на Општина Делчево

 

I

            Ја свикувам 14. редовна седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на 30.09.2022 (петок) со почеток во 14.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

 -Усвојување на Записник од 13. седница на Советот на Општина Делчево

1.Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за 2022 година за период од 01.01.2022 до 27.07.2022 година со Заклучок за усвојување;

2.Предлог-Одлука за проширување на Буџетот на Општина Делчево за 2022 година;

Образлагач: По точките 1и 2- Анка Христова-Раководител на Одделението за буџет, сметководство и администрирање на даноци.

3.Предлог-Одлука за давање согласност на Правилниот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;

Образлагач: Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

4.Извештај за јавната безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Лејла Анакиевска-Командир на Полициска станица од општа надлежност.

5.Годишен извештај за работа на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за учебната 2021/2022 со Заклучок за усвојување;

Образлагач:Горан Димитровски-Директор на ООУ „ Св.Климент Охридски“-Делчево“.

6.Дополнување на Програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Делчево за 2022 година;

  1. Предлог-Одлука зазаверка на Предлог-Детален урбанистички план донесен со Одлука бр.09-170/1 од 29.01.2022 година;

Образлагач: По точките 6 и 7-Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.

  1. Дополнување на Програмата запоставување на урбана опрема на територијата на град Делчево за 2022 година;

Образлагач: Андријана Соколовска-помлад соработник за уредување на градежно земјиште

9.Предлог-Одлука за верификација на мандати на членови на Локален младински совет

на Општина Делчево;

Образлагач: Милица Стојковска-Овластен службеник за млади од Општина Делчево.

10.Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдувањена ЈКП „Брегалница“-Делчево за регулиран период 2022-2024;

  1. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈКП „Брегалница“-Делчево за регулиран период 2022-2024 година;

Образлагач: По точките 10 и 11-Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

  1. Предлог-Решение за избор на чен на Комисијата за јавни дејности;
  2. Предлог-Решение за избор на член на Комисијата за урбанизам, планирање и уредувањенапросторот и заштитанаживотнатасредина и природата;

14.Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средствана Жикица Стоилова;

  1. Предлог-Одлука за финансиски средства на Викторија Десподова од Делчево;

Образлагач: По точките12, 13,14 и 15-Гоце Попов-претседател на Комисијатазапрашањата на верификација,изборите и именувањата.

16.Прашања и предлози на членови на Совет.

 

II

Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.

Број 09-1973/1
23.09.2022
Делчево

Совет на Општина Делчево
Претседател
Гоце Попов

Shares