Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 21.10.2022 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на 15. редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 15. редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 28.10.2022 (петок) со почеток во 10.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од 14. седница на Советот на Општина Делчево
- Предлог-Одлука за давање на трајно користење на ЈКП „Брегалница“-Делчево возило за компактирање со задно полнење ИВЕКО;
- Предлог-Одлука за давање на трајно користење на ЈКП „Брегалница“-Делчево метални контејнери за резидуален отпад;
Образлагач: Ана Ситновска-Димитровска-Советник одговорен сметководител во Општина Делчево.
- Годишен извештај за работата на ОЈУДГ „Весели Цветови“ за воспитната 2021/2022 со Заклучок за усвојување;
- Годишна Програма за работа на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за воспитната 2022/2023 година со Заклучок за усвојување;
- Образлагач: Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.
- Предлог-Одлука за доделување на стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“-Делчево кои постигнале особено висок успех во учењето;
- Предлог-Одлука за доделување на стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“-Делчево;
- Предлог-Одлука за доделување на стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија;
- Предлог-Одлука Одлука за доделување на стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија и кои постигнале особено висок успех во студирањето;
Образлагач: Ванчо Новоселски-Советник за образование и култура.
- Предлог-Одлука за утврдување на потреба од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од планси опфат објект станбена куќа зграда бр.1 по барање на Војче Илиевски;
- Предлог-Одлука за утврдување на потреба од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од планси опфат објект викенд куќа зграда бр.1 по барање на Драган Стојковски;
- Предлог-Одлука за утврдување на потреба од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект станбена куќа зграда бр.1 по барање на Перо Лазаровски;
- Предлог-Одлука за утврдување на потреба од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект станбена куќа зграда бр.1 по барање на Стојан Стојчевски;
- Предлог-Одлука за утврдување на потреба од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект станбена куќа зграда бр.2 по барање на Ката Китановска;
- Предлог-Одлука за утврдување на потреба од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект станбена куќа зграда бр.1 по барање на Ката Китановска;
- Предлог-Одлука за утврдување на потреба од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект –помошен објект зграда бр.1 по барање на Жикица Јовановски;
- Предлог-Одлука за утврдување на потреба од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат објект –помошен објект зграда бр.2 по барање на Жикица Јовановски;
- Предлог-Одлука за утврдување на потреба од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од планси опфат објект викенд куќа зграда бр.1 по барање на Јордан Воинов;
Образлагач: Андријана Соколовска-помлад соработник за уредување на градежно земјиште.
- Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Делчево за 2022 година;
Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделение за финансии, буџет и администрирање на даноци.
- Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на КК „Патриот 2016“-Делчево;
- Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на Ванчо Илиевски од Делчево;
- Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на Витора Трајановска од с.Вирче;
Образлагач: Гоце Попов-Претседател на Советот на Општина Делчево.
- Прашања и предлози на членови на Совет.
II
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.
Број 09-2170/1
21.10.2022
Делчево