Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 19.12.2022 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на 17. редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 17. редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 26.12.2022 (понеделник) со почеток во 10.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од 16.седница
- Предлог-Буџет на Општина Делчево за 2023 година;
- Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2023 година;
- Буџетски календар;
- Предлог-Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2023 година;
Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделение за буџет, сметководство и администрирање на даноци.
- Извештај за реализирани активности на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2022 година со Предлог-Заклучок за усвојување;
- Програма за работа на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2023 година со Предлог-Заклучок за усвојување;
Образлагач: Билјана Петровска-Директор на ЈЛБ „Илинден“-Делчево
- Деветмесечен извештај за работењето на ЈКП „Брегалница“-Делчево за период 01.01.2022-30.09.2023 година со Заклучок за усвојување
Образлагачи: Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево и Марија Сумрачка-одговорна за сметководство и финансиски книговодител
- Акциски план за намалување на последиците од КОВИД 19 кај ромската етничка заедница во пост-КОВИД период на локално ниво Општина Делчево со период на имплементација од 2023 година до 2024 година со Заклучок за усвојување.
- Заеднички Локален Акциски план на Општина Делчево и ромската етничка заедница со период на имплементација од 2023 година до 2026 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: По точките 8 и 9-Џулиета Мемедова-самостоен референт за безбедност и здравје при работа.
- Предлог-Одлука за усвојување на Стратегија за родова еднаквост на регионот Делчево, Берово и Пехчево за периодот 2020-2022;
- Акциски план на Општина Делчево за имплементација на Сратегијата за родова еднаквост за за периодот 2020-2022;
Образлагач: По точките 10 и 11-Игор Жежовски-Советник за еднакви можности.
- Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Делчево за 2023 година;
Образлагач: Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.
- Предлог-Одлука за ослободување од комунална такса за улично осветлување;
Образлагач: Тони Стоименовски – Советник за планирање на локален економски развој
- Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Делчево.
Образлагач: Гоце Попов-Претседател на Советот на Општина Делчево.
- Предлог-Одлука за расходување на компјутери, компјутерска опрема и елетронски отпад на општина Делчево;
- Предлог-Одлука за давање согласност на Одлука бр.02-078/2 од 16.12.2022 година за расходување на компјутери, компјутерска опрема и елетронски отпад на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево;
Образлагач: Татјана Стојковска-Виш соработник за заштита на животна средина и комунална инфраструктура.
II
Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Број 09-2621/1
19.12.2022
Делчево
Совет на Општина Делчево
Претседател
Гоце Попов