Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 20.02.2023 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на 19. редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 19. редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 24.02.2023 (петок) со почеток во 10.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
– Усвојување на Записник од 18. Седница
–Усвојување на Записник од Вонредна седница
1.Предлог-Програма за социјална заштита на Општина Делчево за 2023 година;
Образлагач: Сузана Петровска-Советник за вработување и информативен систем за човечки ресурси.
2.Квартален извештај за извршувањето на буџетот на општина Делчево за извештајниот период од 01.01.2022 до 31.12.2022 со Заклучок за усвојување;
- Предлог-Одлука за резервирани средства за надомест на одземен имот во Буџетот на Општина Делчево за 2023 година;
Образлагач: По точките 2 и 3-Анка Христова-Раководител на Одделението за буџет, сметководство и администрирање на даноци.
4.Предлог-Одлука за давање на времено користење движна ствар-моторно возило на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“-Делчево;
Образлагач:Влатко Ангеловски-Соработник за движен и недвижен имот.
5.Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за бесправо изграден објект надвор од плански опфат објект викенд куќа зграда број 1 по барање на Олга Ѓеоргиевска;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за бесправо изграден објект надвор од плански опфат објект помошен куќа зграда број 2 по барање на Олга Ѓеоргиевска;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за бесправо изграден објект надвор од плански опфат објект станбена куќа зграда број 1 по барање на Горан Ковачки;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за бесправо изграден објект надвор од плански опфат објект станбена куќа зграда број 1 по барање на Ванчо Ковачки;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за бесправо изграден објект надвор од плански опфат објект викенд куќа зграда број 1 по барање на Игорчо Митев;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за бесправо изграден објект надвор од плански опфат објект помошен објект во земјоделството зграда број 1 по барање на Горги Цеков;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за бесправо изграден објект надвор од плански опфат објект помошен објект во земјоделството зграда број 1 по барање на Боре Гоцевски;
Образлагач:По точките од 5 до 11Андријана Соколовска-помлад соработник за уредување на градежно земјиште.
- Предлог-програма за родова рамноправност на мажите и жените на Општина Делчево и работа на Комисијата за еднакви можности за 2023 година;
Образлагач: Игор Жежовски-Советник за еднакви можности.
- Предлог-Програма за решавање на проблемот со кучињата-скитници на подрачјето на општина Делчево за 2023/2024 година;
Образлагач:Љупчо Симоновски-овластен изнпектор за заштита на животната средина.
14.Предлог-Одлука заотпочнување на активности за редовно ажурирањенаПроценатаназагрозеностнаподрачјетонаопштинаДелчевоодситеризици и опасности;
Образлагач: Драган Балас-Раководител со овластување на Регионалниот Центар за управување со кризи.
- Мислење за Програма за изведување на еднодневна екскурзија низ РСМ со учениците од трето одделение од ООУ „Свети КоиментОхридски“-Делчево;
- Мислење за Програма за изведување на дводневна екскурзија низ РСМ со учениците од шесто одделение од ООУ „Свети КоиментОхридски“-Делчево;
- Мислење за Програма за изведување на тридневна екскурзија низ РСМ со учениците од деветто одделение од ООУ „Свети КоиментОхридски“-Делчево;
Образлагач: Горан Димитровски директор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево
18.Прашања и предлози на членови на Совет.
II
Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Број 09-397 /1
20.02.2023 година
Делчево
Совет на Општина Делчево
Претседател
Гоце Попов