РЕШЕНИЕ за свикување на 23. Редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. Гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 05.05.2023 година, донесe

 

РЕШЕНИЕ

за  свикување на 23. Редовна седница на

Советот на Општина Делчево

 

I

 

Ја свикувам 23. редовна седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на 12.05.2023 (пeток) со почеток во 16.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

-Усвојување на Записник од 20. седница на Советот на Општина Делчево

-Усвојување на Записник од 21. седница на Советот на Општина Делчево

-Усвојување на Записник од 22. седница на Советот на Општина Делчево

  1. Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Источен-плански регион за 2022 година со Заклучок за усвојување;
  2. Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2022 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Претставник на Источен плански регион.

  1. Предлог- Одлука за проширување на средства во Буџетот на Општина Делчево за 2023 година;
  2. Предлог-Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2023 година;

Образлагач:  Анка Христова-Раководител на Одделението за буџетска контрола, сметководство и администрирање со имотот на општината.

  1. Измена на Годишен план за вработување на Општина Делчево за 2023 година со Одлука за давање согласност;

Образлагач: Сузана Петровска-Советник за вработување и информативен систем за човечки ресурси.

  1. Извештај за работата на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;
  2. Годишна сметка на ЈКП „Брегалница“ за 2022 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Стојче Стојковски директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево и Марија Сумрачка-сметководител на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

  1. Дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Делчево за 2023 година;

Образлагач: Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.

  1. Годишен извештај за спроведување на Програмата за јавна чистота во Општина Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;
  2. Годишен извештај за спроведување на Програмата за управување со отпадот во општина Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Татјана Стојковска- Виш соработник за заштита на животна средина и комунална инфраструктура.

  1. Измена на Годишен план за вработување на ОЈУДГ „Весели Цветови“ за 2023 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „ Весели Цветови“

  1. Предлог-Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат, објект станбена куќа зграда бр.1 по барање на Љупчо Тодоров;

Образлагач: Андријана Соколовска-Помлад соработник за уредување на градежно земјиште.

  1. Предлог-Одлука за расходовање на неупотребливи материјали и предмети останати по реновирањето на санитарните јазли на училиштето;

Образлагач: Влатко Ангеловски-соработник за управување со движен и недвижен имот.

  1. Предлог-Одлука за финансиска помош по Барање број УП1 21-101 од 07.03.2023 година;
  2. Предлог-Одлука за финансиска помош по Барање број УП1 21-112 од 14.03.2023 година;

Образлагач: Гоце Попов-Претседател на Совет на Општина Делчево.

  1. Предлог-Заклучок во врска со Барање бр.09-801/1 од 21.03.2023

Образлагач: Гоце Попов-Претседател на Совет на Општина Делчево.

  1. Прашања и предлози на членови на Совет.

II

            Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.

 

Број 09-1076/1
04.05.2023
Делчево

Совет на Општина Делчево
Претседател
Гоце Попов

 

Shares