РЕШЕНИЕ за свикување на 26. редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 23.08.2023 година, донесe

 

РЕШЕНИЕ

за свикување на  26. редовна седница на

Советот на Општина Делчево

 

I

            Ја свикувам26. редовна седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на ден  30.08.2023 година (среда) со почеток во 09:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

 -Усвојување на Записник од  Вонредната седница на Советот на Општина Делчево

 

1.Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на Општина Делчево за 2024 година;

2.Предлог-Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Делчево и Општина Македонска Каменица;

Образлагач: По точките 1 и 2-Билјана Прачкоска-Секретар на Општина Делчево.

3.Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за 2023 година за периодот од 01.01.2023 година до 30.06.2023 година со Заклучок за усвојување;

  1. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средства на Буџетот на Општина Делчево за 2023 година

Образлагач: По точките 3 и 4- Анка Христова-Раководител на Одделението за финансиски прашања.

  1. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на опоштина Делчево за 2023 година;

Образлагач: Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.

  1. Тримесечен извештај за финансиското работење на ЈКП „Брегалница“-Делчево за период 01.01.2023-31.03.2023 година;

Образлагач: Марија Сумрачка-одговорна за сметководство и финансиски книговодител.

7.Годишен план за вработување за 2024 година на ЈЛБ “Илинден“-Делчево со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Билјана Петровска-Директор на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.

8.Измена на Годишен план за вработување на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за 2023 година со Заклучок за усвојување;

  1. Годишен план за вработување на Св.Климент Охридски“-Делчево за 2024 година со Заклучок за усвојување;
  2. Годишна Програма за работа на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за учебната 2023/2024 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: По точките 7,8,9 и 10-Горан Димитровски-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево.

  1. Предлог-Одлука за одвојување на средства за финансиско учество на општина Делчево во имплементација на проекти од регионално значење;

Образлагач:Звонко Атанасов-Раководител на Сектор за урбанизам, уредување на ГЗ, комунални работи и сообраќај.

12.Годишен план за вработување на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево за 2024 година со Заклучок за усвојување;

13.Годишен извештај на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево со Заклучок за усвојување;

14.Годишна програма за работа на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево со Заклучок за усвојување;

Образлагач: По точките 12,13 и 14-Горан Велков-Директор на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево.

15.Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;

  1. Предлог-Одлука за давање согласност за формирање на групи со поголем број на деца;
  2. Предлог-Одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;

Образлагач: По точките 15,16 и 17-Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

  1. Годишен извештај на СОУ „Методи Митевски –Брицо“ Делчево со Заклучок за усвојување;
  2. Годишна програма за работата на СОУ „Методи Митевски-Брицо“ за учебната 2023/2024 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: По точките 18 и 19- Дијана Цонева-Директор на СОУ „М.М. Брицо“-Делчево.

20.Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства по барање број 09-1319/1 од 26.06.2023;

21.Предлог-Одлука за финансиска поддршка за учество на светска олимпијада на геонауки;

Образлагач: Гоце Попов-Претседател на Советот.

22.Прашања и предлози на членови на Совет;

II

            Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.

Број 09- 1660 /1
23.08.2023
Делчево

Совет на Општина Делчево
Претседател
Гоце Попов

Shares